Тим со искуство!
Како прва агенција за недвижности во Македонија што им понуди на своите клиенти технолошки комплексна услуга, ние никогаш немавме за цел да бидеме најголемата агенција за недвижности туку едноставно компанија што ќе овозможи најдобра услуга на клиентите. Со разививање и надградување на нашето искуство уште од 1993 година, научивме како да ги надминеме сите пречки на една успешна трансакција на недвижност и стекнавме доволно искуство, и покрај постојаната динамика на овој бизнис да ги задоволиме потребите на сите оние што купуваат, продаваат, изнајмуваат.
Како прва и единствена агенција за недвижности која разви мултифункционален веб-сајт, вложивме многу напор и труд да го направиме ефективен во остварувањето на вашите потреби. На овој веб-сајт, не само што ви овозможуваме пристап до информации за агенцијата, ви овозможуваме и линк дирекно во нашата база на податоци, каде вие самите ќе пребарувате, сами ќе ја формирате вашата понуда и ќе го најдете имотот што го барате, а ние ќе ви овозможиме да дојдете до него - брзо, едноставно и сигурно.
Мноштвото информации и големиот број на фотографии што ви се ставени на располагање во нашата датабаза ви овозможуваат да го изберете објектот што го барате, во приватноста на вашиот дом или канцеларија.
Нашите вработени, професионалната и пријателска услуга, нашите постојани клиенти - сето ова ни овозможи да ги имаме и понудиме најдобрите и најсвежите информации и недвижности, со што целосно можеме да застанеме зад нашите зборови „Ние сме најдоброто на вашиот пребарувач“.
Со цел да го потврдиме претходно кажаното, дозволете ни да спомнеме само дел од нашите задоволни клиенти: Шведска Амбасада, Холандска Амбасада, Британска Амбасада, DFID, CRS, сите владини и невладини организации на САД, Амбасада на САД, Австриска Амбасада, Амбасада на Р. Грција, Италјанска Амбасада, Романска Амбасада, Амбасада на Р. Кина, Делегацијата на Европската Унија, EUMM, Европска Банка - EBRD, Светска Банка - Word Bank, Амбасада на Р. Црна Гора, UNHCR, PHARE, NATO, Hellenic Petroleum, BBC, REUTERS, TIME Мagazine и други организации, институции и компании.
|